116
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека жали за изборот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кога станува збор за Либан, особено за копнените операции.
„Жалам што премиерот Нетанјаху направи поинаков избор (од предложениот прекин на огнот од Париз и Вашингтон), ја презеде таа одговорност, особено за копнените операции на либанска територија“, рече Макрон на прес-конференција по повод затворањето на 19. Самит на Франкофонијата во Париз, а пренесува магазинот „Ла Депеш“.
Тој изјави дека Франција ја поддржува безбедноста на Израел и дека во понеделник ќе ги прими семејствата на француско-израелските жртви од нападот на Хамас на 7 октомври минатата година.