29
Макс Верстапен, четирикратниот светски шампион во Формула 1, нема да биде казнет затоа што на трката во Абу Даби ги нарече судиите „глупави идиоти“.
Ова го изјави откако судиите го казнија со десет секунди поради судир со Оскар Пјастри. Кога ја одлежа казната, му кажа на својот тим.
„Следниот пат нека ме казнат 20 секунди. Глупави идиоти“.
Верстапен оваа година доби осум казнени поени и доколку заработи уште четири до јуни следната година, автоматски ќе биде суспендиран од една трка.
Поради своите гревови и неговата претходна изјава „дека неговиот автомобил е ср*ње“, Холанѓанецот казната ќе ја одлежи во Руанда, каде ќе разговара со најмладите возачи во таа африканска земја.