Светскиот шампион Макс Верстапен со Ред Бул ги освои четвртите квалификации од почетокот на сезоната за старт од првата позиција на утрешната трка за Големата награда на Јапонија.
Холанѓанецот беше недостижен за останатите и целосно се очекуваше да стартува од најдобрата позиција по 36-ти пат во кариерата.
Неговиот тимски колега Серхио Перез заврши како втор, кој се снајде доста добро и за прв пат оваа сезона ќе стартува од првиот ред.
Ландо Норис со Мекларен даде трето време, а четврти беше победникот во Мелбурн – Карлос Саинц, но сесијата дефинитивно не беше добра за Ферари, откако Шарл Леклер се нареди на седмото место.