Во пресрет на Големата награда на Канада, Макс Верстапен продолжува да тврди дека Ред Бул веќе е аутсајдер во борбата против Ферари и Мекларен и дека проблемите од последниот старт не се решени.
Холанѓанецот победи само на една од последните 3 трки и покрај очекувањата во Монтреал да има предност, тој тврди дека неговиот тим не ги надминал тешкотиите во последно време, имено однесувањето на болидот на високите рабници поради поцврстата суспензија.
Макс заврши само 6-ти во Монако, негов најлош резултат во последните 18 месеци и иако патеката „Жил Вилнев“ е многу брза, има и голем број на високи шикани кои повторно се очекува да предизвикаат проблеми за Биковите.
„Знаевме дека во Монако ќе имаме проблеми и патеката не ни е удобна, особено со нерамнините и рабниците. Ова не е ништо ново за нас, но штом нашите конкуренти ќе стигнат, работите стануваат потешки. Јасно е дека мораме да се подобриме и работиме на тоа“, изјави Верстапен.
„За жал, тоа не е нешто што можеме да го поправиме за една или две недели. Целта е да имаме подобрување во Канада, но болидот повеќе отскокнува на нерамнините, но сепак се надевам дека можеме подобро“, додаде тој.
Според Ландо Норис, Ферари се фаворити за трката, но Британецот ги оцени како добри шансите на Мекларен, кој на последните 3 трки има една победа и две втори места. Вечерва е слободниот тренинг.