Макс Верстапен го спои неспоивото: Навива за Јунајтед и Ливерпул

од Vladimir Zorba
20 прегледи

Холанѓанецот Макс Верстапен, актуелниот четирикратен шампион во Формула 1, деновиве за англиските медиуми призна дека Ливерпул е неговата „слаба точка“, иако е голем фан на Манчестер Јунајтед.

„Виновници“ се неговите добри пријатели и сонародници, Вирџил ван Дајк и Коди Гакпо, капитенот и еден од најдобрите напаѓачи на „црвените“.

Од слична причина некогаш ги сакал „Црвените Ѓаволи“.

„Апелот на Манчестер Јунајтед под водство на Сер Алекс Фергусон беше клучен за мене. Асоцијацијата со холандски играчи како Руд Ван Нистелрој и Робин Ван Перси беше клучна. Кога ќе станете навивач, навлегувате подлабоко во историјата и достигнувањата на клубот. Таа приказна е неверојатно инспиративна“, изјави Макс Верстапен за Mirror Sport.

Холандскиот возач истакна дека особено го цени Руд ван Нистелрој и дека му е многу жал што легендарниот стрелец го напушти „Олд Трафорд“ кога пристигна Рубен Аморим.

„Беше тажно да се види Руд како целосно го напушта клубот, но возбуден сум поради неговата нова авантура во Лестер“.

Верстапен вели дека редовно ги следи натпреварите на Манчестер Јунајтед и верува во Рубен Аморим како менаџер.

Слични содржини