Максути: Авионите за гаснење пожари по сервисирањето може да полетаат во октомври

од Nikola Popovski
351 прегледи

„Точно е дека авионитр „Ер-тактори“не се сервисирани од лани. Оваа година навремено ги започнавме сите постапки. Обезбедивме 17 милиони евра, а понудата од операторите беше несериозна за 42%“, изјави директорот на Дирекцијата за спасување и заштита Беким Максути, за ТВ 24.

Според него, побарано е да се интензивираат преговорите и добиена е дозвола.

„Започнат е процесот, повикани се операторите и се надевам дека до крајот на неделата би имале активен договор со еден од операторите на јавната набавка. Ние сме држава што наследиле лимитирани капацитети. Првиот авион по сервисирањето може да се очекува да полета дури во октомври. Тогаш би ги имале во воздух. Не е секој од пожарите адекватен за да се интервенира со воздухопловно летало“, информира Максути и додаде дека ситуацијата како фрлањето пикавец од автомобил во движење е аларматна и мора сите да реагираат околу тоа и да упатат апел.

 

Слични содржини