Дирекцијата има три „Ер-трактори“ авиони кои што од ланската година не се сервисирани. Значи оваа година, постапката е започната многу порано, но за жал двапаи е обжалена и поништена е поради тоа што не може да тече под таков режим на околности и жалби, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути, а Канал 5 ТВ.
Според него, побарано е да се интензивираат преговорите и добиена е дозвола.
-Започнат е процесот, повикани се операторите и се надевам дека до крајот на неделата би имале активен договор со еден од операторите на јавната набавка. До октомври би ги имале во воздух некои од авионите. Не е секој од пожарите адекватен за да се интервенира со воздухопловно летало. Се создава перцепција дека секој пожар треба да се изгаси со авион или хеликоптер. Првично е скапа инвестиција, а притоа треба да се направи и проценка, информира Максути.