Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути и амбасадорот на Австрија во земјава Георг Вуцас синоќа го посетија кампот на австриските тимови за заштита од пожари, кои се вклучени во гаснење на огнената стихија во делчевско-пехчевски регион.
Како што објави ДЗС на својот профил на Фејсбук припадниците на австрискиот контингент за заштита од пожари по 20 часа возење, додека се уште се спремал нивниот камп тимовите веќе биле распоредени и излезени на терен да гасат пожар.
Во објавата се додава и дека е најавено оти и друга екипа од Австрија уште синоќа е тргната кон земјава со дополнителна специјализирана противпожарна опрема.
– Директорот пред амбасадорот и тимовите ја нагласи важноста на укажаната помош и поддршка од Австрија за нашата земја, се додава во објавата на ДЗС.