Едно лице загина, а три се повредени при уривање на мал авион во вторникот во Јужна Калифорнија, соопштија властите.
Цесна 172 со четворица патници се урна веднаш по полетувањето од аеродромот Муриета, соопшти Федералната управа за авијација.
Како што може да се види на снимката од местото на настанот, авионот завршил наопаку на паркинг, пренесува АП.
Несреќата се случила откако авионот удрил во зграда и се урнал на паркинг во округот Риверсајд.
Никој на земјата не е повреден кога авионот удрил во зградата, додаваат властите.
Едно лице загина на местото на несреќата на 135 километри југоисточно од центарот на Лос Анџелес, додека тројца повредени се пренесени во болници. Едно лице има сериозни повреди, објави противпожарната служба на Твитер.
Во тек е истрага за несреќата.