Естонија го презема водството во глобалните напори за развој на дигитални пасоши за вакцини.
Малата, технолошки паметна балтичка држава работи на пилот проект со Светската здравствена организација за тоа како би можеле да работат глобално признати електронски сертификати за вакцини.
Мартен Каеватс, советник за технологија во естонската влада, неделава рече дека примарното прашање на досегашниот проект е да се осигура дека секој што ќе го провери сертификатот може да „верува во изворот“.
– И архитектурата и решението треба да функционираат и во Еритреја и во Сингапур, рече Каеватс.
Иако Естонија веќе има свој систем на електронска здравствена евиденција со информации за вакцините, повеќето земји во светот немаат и не постои меѓусебно прекугранично признавање.