Мала група вработени во ЈСП протестираа пред дирекцијата, градскиот превоз функционира редовно

од Nikola Popovski
277 прегледи

Утрово помала група на вработени во ЈСП штрајкуваа пред дирекцијата на претпријатието. Иако протестот кој беше најавен од 4:30 требаше да трае до 12:30 часот, по два ипол часа се одлучиле да се повлечат затоа што сметаат дека вработените треба да работат во интерес на граѓаните, а своите барања ќе продолжат да ги бараат во иднина. Информираа дека сите автобуси се во сообраќај.

Од четвртиот синдикат Спајс побараа да има усогласување на минималната плата со Колективниот договор на ниво на работодавач, односно зголемување за 2.170 денари за вработените во претпријатието.

ЈСП Скопје вчера соопшти дека причината за штрајк е нелегитимна. Сепак појаснуваат дека функционирањето на јавниот градски превоз ќе функционира редовно и без задршки. Апелираа медиумите и синдикатите да не дозволуваат да бидат инструментализирани од политиканти и политички бандити.

Колку за потсетување, во октомври минатата година, вработените во јавното претпријатие исто така не излегоа да возат, бидејќи ЈСП им доцнеше со исплатата на плати во законскиот рок. Сепак состојбата се реши, а автобусите продолжија да сообраќаат по скопските улици.

Слични содржини