Мала излезност на изборите во Франција, крајната десница помина полошо од очекуваното

од Stefanija Kuzmanovska
216 прегледи

Француската крајно десничарска партија Национален собир во првиот круг од регионалните избори во Франција постигна послаб резултат од очекуваниот, покажуваат првите проекции на изборните резултати.

Партијата на Марин Ле Пен освои околу 19,3 проценти од гласовите во неделата, според проекциите на медиумската куќа „Франсинфо“, и е на второто место зад конзервативците, за кои се предвидува да освојат 27,2 проценти од гласовите.

На последните регионални избори одржани во декември 2015 година, партијата на Марин Ле Пен беше најсилна во првиот круг, освојувајќи 27,7 проценти од гласовите. Во вториот круг, сепак, таа не успеа да победи во ниту еден француски регион, објави новинската агенција „Дпа“.

Националниот собир води во регионот Прованса-Алпи-Азурниот брег, покажаа две излезни анкети и тоа е клучното бојно поле што Марин Ле Пен сака да го освои за да го зајакне својот кредибилитет пред претседателските избори во 2022 година, објави „Ројтерс“.

Анкетите сепак покажаа дека Националниот собир води во тој јужен регион со помала разлика отколку што се очекуваше пред десниот центар на Ренауд Музелиер, кој коалицираше со партијата на претседателот Емануел Макрон.

Изборите беа обележани со многу слаба излезност, според агенцијата „Елабем“. 68,5 проценти од гласачите кои претпочитаа да уживаат во сончевата недела по долги месеци во кои беа ограничени граѓанските слободи поради пандемијата на ковид-19, не излегоа на гласање.

Слични содржини