Малата Анабела родена со 600 грама, си замина од ГАК после 129 дена

од Nikola Popovski

Малата Анабела Блажеска по 129 дена поминати на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, си замина за Охрид во прегратките на нејзините најблиски.

Од Клиниката информираа дека Анабела е родена во 26 гестациска недела со тежина од само 600 грама.

-Заедно со докторите и со медицинските сестри успешно ги помина сите препреки кои пред неа ги стави животот и дома си замина со тежина од 2080 грама. Нејзината силна борба беше мотивација за целиот персонал да верува дека чудата постојат и овој голем борец им одржа лекција на сите возрасни што значи вистинска борба за живот, без да потклекнеш. Расти Анабела во многу љубов, здравје и среќа. Биди им гордост на твоите родители, објавија од ГАК.

Слични содржини