Сириското девојче Асја е спасено од урнатините по страшниот земјотрес што ја погоди Турција. Девојката била извлечена по 30 часа.
Спасувачите се тркаат со времето во надеж дека ќе спасат што е можно повеќе животи.
Меѓу спасените е и малата Асја која беше извлечена од урнатините во регионот Кахраманмараш во Турција.
Спасувачите неуморно работат на пребарување на урнатините. По повеќе од еден ден ја извлекле сириската девојка на сигурно.
Локалните медиуми јавуваат дека таа е повредена во земјотресот, но е во добра состојба. Моментот на нејзиното спасување е снимен од камери.
Suriyeli Asya 30 saat sonra enkazdan çıkarıldı
— Demirören Haber Ajansı (@dhainternet) February 7, 2023
Бројот на загинати во земјотресите во Турција и Сирија се искачи на 6.326, јавува Си-Ен-Ен. Бројот на загинати во Турција се искачи на 4.544, соопшти турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби.
Во Сирија, бројот на загинати се зголеми на 1.782. Во таа земја, повеќе од 970 луѓе загинаа во областите под контрола на опозицијата, додека 812 од нив загинаа во областите на Сирија под контрола на владата на претседателот Башар ал Асад.
Најмалку 30.474 лица се повредени во тие две земји, јавува американската медиумска куќа, повикувајќи се на податоци од турската влада, Белите шлемови и сириските државни медиуми 44, објави турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби.