Малата победа на Бред Пит над Анџелина

од Vlatko K
141 прегледи

Бред Пит и Анџелина Џоли се разведоа уште во 2016 година. Нивниот развод беше објавен во
април 2019 година, но тие се уште појаснуваат одредени услови околу него. Како што може да се
очекува, најжестоката борба што се води е за децата.


Очигледно, двајцата поранешни сопрузи успеале да постигнат договор, или, поточно, околностите
ги натерале да го сторат тоа.

Бред Пит постигнал победа во спорот со Анџелина за децата, бидејќи се наметнало актерката да му
ги остави на грижа, додека е зафатена во текот на летото со снимање на филмот „Those Who Wish
Me Dead“, пишува „Daily Star“.

Затоа и Анџелина сама предложила на својот поранешен сопруг да се грижи за 17-годишниот
Медокс, 15-годишниот Пакс, 14-годишната Захара, 13-годишната Шајло и 11-годишните Нокс и
Вивиен.

На почетокот, Бред Пит тешко можел да ги гледа своите деца. Причината беше наводите дека има
проблеми со алкохолот и покажувал агресија. Затоа довербата што ја покажа Анџелина Џоли е
мала победа за него.