Малчески: Како може да обединува споменик на терористичка организација која убивала полицајци и мачела цивили?

од Берта Китинска
505 прегледи

Во животот сум прочитал многу книги, но никаде не сум сретнал подигнувањето на споменици од некакво си „воено“ минато да е дел од партија која се залага за зелена агенда.Очигледно ДУИ многу брзо заборави дека наводно се ребрендираа во зелена партија, па одново почна да го промовира бруталниот национализам, кој е составен дел на оваа партија, вели во разговор за „Локално“, , политичкиот аналитичар проф, др. Самоил Малчески.

Тој смета дека парите вложени за споменикот попаметно би било да бидат потрошени за инфраструктура и канализација, за подобар живот на тетовчани.

Најсмешно од се е тоа што истиот ден кога јавно го промовираа овој објект, видовме слики како градот Тетово е под вода. Ако се земе фактот дека Тетово повеќе од 10 години беше окупиран од ДУИ, сигурно попаметно ќе беше парите да беа потрошени за инфраструктура и канализација, за подобар живот на граѓаните, а не за лечење на нечии комплекси и фрустрации, подвлекува аналитичарот.

Тој смета дека во услови кога народот се сели од Македонија, кога се чувствуваат последиците од лошото владеење на тандемот ДУИ-СДСМ, единствен разумен одговор е дека станува збор за лечење на нечии комплекси и фрустрации.

За тоа дали овој потег, се прави за да се предизвикаат етнички тензии во клучниот за нас период кој претстои во однос на евроинтеграциите, Малческ вели дека земјата е се подалеку од датум за преговори.

-Тоа е последица како на лошото владеење на тандемот ДУИ-СДСМ, така и на изразениот национализам кој го промовира раководството на нашиот источен сосед со администраторски амбиции, а посебно нејзиниот претседател Јанев, кој дури посегна и кон фалсификување на историјата. Што се однесува до ДУИ, бидејќи нема со што да се пофалат, својата реторика ја сведоа на брутален национализам, кој се граничи со шовинизам, нешто што сме навиканати да го гледаме од страна на ДУИ изминатите 20 години. Но и покрај се, тоа нема да ја промени суштината, а тоа е дека Албанците во Македонија најмногу се селат заради милитантните политики на ДУИ и систематското крадење и осиромашување на граѓаните, објаснува тој.

На прашањето за најавите на изградба на споменик на македонските бранител откако се подигна споменикот во Слупчане за тоа дали треба едната страна „да и враќа“ на другата, аналитичарот смета дека споменикот на УЧК е обид на ДУИ неспособноста да ја компензира со фалсификати и шовинизам, кои се помалку поминуваат кај обичниот Албанец

-Јас не знам како може да обединува споменик на терористичка организација која убивала полицајци и мачела цивили, само за да може нејзиното раководство да се вдоми во државните фотелји и веќе 20тина години безмилосно да не краде и осиромашува. Очигледна е нервозата кај ДУИ бидејќи го губат тлото под нозете и се обидуваат неспособноста да понудат стабилна економска политика и развој да ја компензираат со фалсификати и шовинизам, кои се помалку поминуваат кај обичниот Албанец. Најдобро е одговорот да го побарате кај експремиерот Заев, премиерот Ковечевски, кој и самиот е по потекло од Куманово, но и кај министерот Спасовски. Можда тие може да објаснат како тоа Димитриевски е националист, а Ахмети и Груби се сврзно ткиво кое го обединува македонското општество. Споменатите лица од СДСМ имаат обврска да дадат одговор на ова прашање, бидејќи да не заборавиме дека изминативе години СДСМ и ДУИ имаат брак од интерес, во кој безмилосно се уништува македонското општество, смета тој.

Малчески е на мислење дека општество за сите е најголемата измама со која се служи тандемот ДУИ-СДСМ, појаснувајќи дека тоа е фоскула преку која се богати мала „одбрана елита“ и е покритие за евидентниот криминал.

-Прво македонскиот народ не е етничка група, бидејќи да не заборавиме дека во Македонија живеат над 70% Македонци. Второ, едно општество за сите е најголемата измама со која се служи тандемот ДУИ-СДСМ. Како може да зборуваме за едно општество за сите кога, на пример, имаме вработувања по национален и партиски клуч. Јас лично едно општество за сите подразбирам кога во државната администрација и јавните претпријатија ќе се напредува според знаења, умеења и способности, а не според припадност на криминалните политички структури. Оттука, ако оваа владеачка структура имаше искрени намери до сега можеа да променат многу работи. Очигледно, едното општество за сите и само фоскула преку која се богати мала „одбрана елита“ и е покритие за евидентниот криминал со кој Македонија е заплисната како никогаш до сега, објаснува тој.

Б.М.

Слични содржини