Малдини сака да го врати Анчелоти во Милано

од Aleksandar Petrovski

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти може да се врати во Милано, објавија италијанските медиуми.

Според „Тутоспорт“, техничкиот директор на клубот, Паоло Малдини е заинтересиран да го врати на „Сан Сиро“ искусниот фудбалски стручњак. Оваа опција може да се оствари доколку Малдини ја задржи својата функција во раководството на „росонерите“.

Претходно беше објавено дека тренерот може да го напушти Наполи поради конфликт со претседателот на клубот, Аурелио Де Лаурентис. Бизнисменот не е задоволен што играчите одбија да ја почитуваат наредбата за „карантин“.

Шеесет годишниот Анчелоти беше тренер на Милан од 2001 до 2009 година. Со него тимот освои шампионски трофеј во Серија А и двапати ја освои Лигата на шампионите.

Слични содржини