По изнесените информации дека Александар Маленко добил условна казна затвор поради фалсификување исправи, Пливачката федерација се јави со демант.
Во продолжение во целост ви го пренесуваме соопштението на ПФСМ:
Демант од ПФСМ и претседател на напис “Условна казна затвор за Маленко поради фалсификување исправи на Пливачката Федерација.
„Најостро го демантираме написот (03.12.2020) кој се базира на груби невистини, лаги и клеветикон нашиот претседател-Александар Маленкои нас-Пливачка Федерација на Северна Македонија, како единствена легална институцијанадлежна во нашата држава и нејзин единствен признат репрезент во светот.Во прилог на нашиот демант ви доставуваме и усвоен приговор(со комплетна документација, писмени докази, како и листа на сведоци и носители на државни функции надлежни за овој спор)од страна на надлежен суд и судија кој е во целост прифатен,а со тоа пресудата е укината. Предметот е вратен во првобитна постапка со главна расправа закажана уредно од страна на судот на 5.02.2021 со почетокот во 9:30, при надлежен суд во судница 8. Основно правило на новинарството е проверка на факти и информации наменети за јавноста за вистината во секоја ситуација и лесно може да се прекрши. Поради тоа искрено посакуваме и се надеваме на ваша објава во целост на овој демант, во тек на денешниот ден, стои во демантот на ПФСМ на кои е потпишан Александар Маленко“.