Малер! На Анастасија ѝ пукна лузната од мастектомијата во емисија во живо

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Американската пејачка Анастасија учествува италијанската верзија на шоуто „Танц со ѕвездите“. Во текот на една од емисиите доживеала многу непријатна и болна ситуација, кога ѝ пукнала лузната од мастектомијата (отстранување на дојките).

 

Имено, за време на изведувањето на извежбаната кореографија во која нејзиниот партнер бил професионален танчар, на Анастасија ѝ пукнала лузната што ја добила по операцијата. Пејачката била многу вознемирена поради повредата.

– Танцував во саботата иако лекарот ме советуваше да одморам откако ми пукна лузната на местото каде што имав двојна мастектомија. Бев очајна – раскажала Анастасија.

Инаку, пејачаката два пати се борела со ракот на дојка, и од таа битка излегла како победник. Таа во 2013 година имала двојна мастектомија.

– Операцијата на којашто бев подложена беше многу тешка. Мускулите на грбот ми се преместени напред, па моите движења со рацете се баш интересни, да кажам така – се пошегувала во една прилика таа.

Таа се согласила да учествува во шоуто за, како што рекла, повторно да научи да го користи своето тело по операцијата и болеста. Сепак, лекарите ја предупредиле дека мора да внимава при изведувањето на покомплексните движења