Доколку ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ одат на избори без опозицијата – тоа ќе ја продлабочи кризата. Ќе донесе и нови конфликти и поделби, смета универзитетскиот професор Денко Малески, чии експертски ставови ги пренесува Алсат-М.
Тој посочува дека партиите на власт треба да овозможат услови за демократски избори, а не само да ја повикуваат опозицијата да учествува.
„Тие партии – албанската и македонската, треба да седнат и сериозно да разговараат како да ја одоброволат опозицијата да учествува, бидејки без учество на опозицијата во изборите, ние практично одиме назад, кон реставрација на стариот систем. Систем без контрола на политиката од страна на општеството, систем без контрола на полицијата од страна на Парламентот, и така натаму, сите оние работи кои се запишани во Ивешатјот на Прибе. Мора да бидат свесни за големата слика. Само со учество на сите и на опозицијата може да тргнеме кон менување на политичкиот систем на Македонија кој има многу силни автократски елементи, кон една плуларистичка демократија“, вели Денко Малески, универзитетски професор.
Сите сценарија засега се отворени, со неизвесна разврска, бидејќи едните цврсто стојат на ставот за избори на 5 јуни, а другите за бојкот.
Целото размислување на професорот Малески можете да го прочитате тука
