Малески: Новиот извештај на Стејт департментот, кај Каракачанов предизвика двојна фрустрација

од Берта Китинска
406 прегледи

Екс амбасадорот Огнен Малески во врска со новиот извештај на Стејт департментот  за делот  од бугарската јавност смета дека засегната пред се е Каракачанов, бидејќи проблемот за регистрација на организациите на Мкедонците во Бугарија е спомнато во значителен дел.

-Кај Каракачанов сега е присутна двојна фрустрација. Излезните анкети говорат дека нема да го помине прагот, а и да го помине неговото учество во Собранието ќе биде минорно, а другата фрустрација е што со име и презиме е спомнат во Извештај на Стејт Департментот кое многу ретко се случува.Прашање е дали рациото ќе надвладее над емоциите. Очекувам, обично така е, во период кога една валда започнува мандат се отвора простор за рационални и флексибилни решенија, а како се приближува крајот на мандатот и подоговтовки за избори тогаш реториката се вжештува. Тоа е една матрица која и кај нас се случува. Не мислам дека Бугарија ќе направи едно салто мортале и дека ден после изборите ќе се променат работите и политиката градена во последните 60 години. Прашањето е дали во 21 век со познатите тенденции на глобален план и потребата од проширување на Унијата, дали Бугарија ќе се попредели да го кочи тој процес или ќе води една проевропска прозападна политика, со која би се овозможило во друга атмосфера да се решава проблемот, вели Малески во Утрински брифинг.

Слични содржини