Мали се шансите Меси да игра во финалето на Суперкупот на Шпанија

од Stefanija Kuzmanovska
375 прегледи

Барселона се пласираше во финалето на Суперкупот на Шпанија откако го совлада Реал Сосиедад на пенали во Кордоба (1: 1 по 90 минути и продолженија), а со кого ќе се борат за трофејот ќе биде познато по вечерашниот натпревар во Малага, каде Реал Мадрид игра против Атлетик Билбао .

Финалето е закажано за 17 јануари, а најдобриот играч на Барселона, Лео Меси, кој го пропушти мечот со Сосиедад поради повреда, најверојатно нема да биде дел од тимот кој ќе се бори за трофејот.

Лекарските прегледи покажаа дека Меси има повреда на бутниот мускул. Иако станува збор за мала повреда на задниот дел од левата нога, не е пожелно 33-годишниот Аргентинец да не мирува десет дена, дознава шпанскиот „Ас“ од извори блиски до клубот.

Барселона се сомнева дека Меси ќе биде подготвен, иако клубот прави сè за да го опорави својот најдобар играч и капитен до 17 јануари. Сепак, на техничкиот состанок на тренерот со лекарите на неколку часа до почетокот на играта, Меси ќе биде тој што ќе донесе одлука.

Слични содржини