Малиот Гаврило оди на лекување, семејството се заблагодари на сите кои помогнаа

од Stefanija Kuzmanovska
339 прегледи

Тимската игра на хуманоста секогаш победува – компанијата Моцарт, Роналдо, Меси, Ибрахимовиќ и други светски sвезди успеаја да ја рашират веста за борбата на малиот Гаврило низ целата планета и да помогнат да се соберат неверојатни 2,5 милиони евра за третман на мускулна атрофија на ‘рбетниот столб.

По многу СМС-пораки, уплата на сметката организирана од „Буди Хуман“, низа акции и хуманитарни аукции на Моцарт, на кои беа собрани 16 милиони динари од набавка на дресови и познатата лента на Роналдо, државата реагираше и го обезбеди остатокот од средства за најскапиот лек на светот, пренесува „Mozzart sport“.

„Многу сме среќни што нашиот Гаврило доби можност, се надеваме дека на почетокот на јуни ќе ја добие толку посакуваната и неопходна терапија“, истакна мајката на Гаврило, Невена Ѓурчевиќ.

Гаврило успеа да ја обедини цела Србија, а семејството е благодарно на сите кои помогнаа и се вклучија во тешката борба.

Слични содржини