
Еден од последните преживеани од Аушвиц, Хенри Кичка, почина на 94-годишна возраст од коронавирус, објави во неделата Би-Би-Си.
Кичка, кој го преживеа нацистичкиот логор, лоциран на земјата на тогаш окупираната Полска, почина во саботата во старечки дом во Брисел.
Неговиот син Мишел Кичка напиша на Фејсбук: „Малиот микроскопски коронавирус успеа таму каде не успеа цела нацистичка армија. Татко ми го преживеа маршот на смртта, но денес неговиот марш на животот заврши“.
Анри Кичка е роден во Брисел во 1926 година во еврејско семејство со полски корени, депортирано во 1942 година. Поголемиот дел од семејството веднаш е убиено во гасните комори во Аушвиц, а тој го преживеа логорот и маршот на смртта.