Малиот Онур ја победи битката со ракот, Филипче му посака среќно детство (ВИДЕО)

од Берта Китинска
340 прегледи

Mинистерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил објави видео на кое вработените од Детската клиника го испраќаат Онур кој успеа да ја победи битката со ракот.

„Деновиве, нашиот јунак Онур го испративме дома од хемато-онколошкото одделение од Клиниката за детски болести. Онур уживај во детството, биди среќен и продолжи да се смееш! Го славиме животот со сите деца кои го победиле ракот, тоа се нашите јунаци, непобедливи, напиша Филипче.

Онур уживај во детството, биди среќен и продолжи да се смееш!

Деновиве, нашиот јунак Онур го испративме дома од хемато-онколошкото одделение од Клиниката за детски болести. Онур уживај во детството, биди среќен и продолжи да се смееш! Го славиме животот со сите деца кои го победиле ракот, тоа се нашите јунаци, непобедливи. Оваа недела е посветена на сите кои победиле карциномот.

Публикувахте от Венко Филипче в Сряда, 10 юни 2020 г.

 

Слични содржини