Малишиќ од мелничко- пекарската индустрија: Замрзнатите маржи се на товар на приватните компании кои континуирано пропаѓаат

од Vladimir Zorba
364 прегледи

Мелничко –пекарската инсустрија предупредува дека одлуката за утврдување на висината на трговската маржа на основните прехрамбени производи не само што ќе нанесе штета на приватните компании кои континуирано пропаѓаат, туку и ќе ги спречи нивните понатамошни инвестиции и обновување на капацитетите.

Во интервју за „Локално“, Горан Малишиќ- Претседател на мелничко-пекарска групација при Стопанска комора инсистира на потребата од помош од страна на Владата која според него треба да субвенционира во делот на струјата, нафтата, гасот.

Очекуваме Владата  добро да размисли  и да не продолжува упорно само со премисата на барања од приватните компании ,туку и самата да се откаже од некои приходи за да се најде баланс како за индустријата, така и за граѓаните“, категоричен е Малишиќ.

Причина за грижа е и фактот дека поради енормото поскапување на вештачките ѓубрива оваа година се очекуваат многу мали приноси на жито. Во обид да се обезбеди колку- толку стабилна цена, мелничко- пекарската индустрија доставила барање до Владата и до сите ресорни министерства да се забрани извоз на  домашното жито до 31.12. “ Земјите од регионот (Грција,Албанија, Бугарија)  кои главно увезуваат пченица  од Русија и од Украина, поради новонастанатата ситуација сакаат да го откупат нашето производство, но ние мораме да го заштитиме ‘’, вели Малишиќ. Во однос на пченицата и брашното нашата земја  задоволува 30 % од  потребите, а останатите 70% количини  ние увеземе.Традиционално, увезуваме од Србија, Бугарија, Романија, Австрија.

Како мелничко –пекарската индустрија ја коментира најновата одлука на Владата за повторно воведување маржа на основните прехрамбени производи?

-Најновата одлука е иста како и претходната, само се различни процентите на маржирање. Согласно  оваа одлука,  индустриските капацитети и производствените компании  можат да ја регулираат цената според трошоците кои им се зголемуваат или им се намалуваат, но се ограничува маржирањето, односно профитот на компаниите, како и профитот на трговците на големо и мало во маржите. Пред носењето на оваа одлука јас, како преседател на Здружението на  мелничко –пекарската индустрија при Стопанската комора бев повикан од страна на министерот за економија на состанок на кој не ни беше прецизно посочено како ќе изгледаат новите правилници, туку стана збор за генерални консултации во однос на на маржирањето.

Оттука, оваа одлука беше еднострана, бидејќи нашата напомена беше  дека во целата ситуација, во вакви  услови зад  мелничко-пекарската  индустрија треба  да застане  Владата. Во случајов, таа носи одлуки за правните ентитети на приватните компании, а од друга страна не носи одлуки за сферите каде не се засегнати нејзините приходи.Тоа и им го посочивме.-„Да, вие можете да го побарате ова од нас, но треба да не субвенционирате во делот на струјата, на гасот, на нафтата….“

Сега чекаме, бидејќи сето ова е малку дволично бидејќи вака излага дека Владата не дава ништо, а од друга страна ние треба да му  дадеме на народот. Ние сме општествено одговорни, и веќе 1 година се однесуваме според овој принцип, а сепак ништо за возврат не добивме од Владата. Оттука, очекуваме таа добро да размисли  и да не продолжува упорно само со премисата на барања од приватните компании кои континуирано пропаѓаат туку и самата да се откаже од некои приходи за да се најде баланс како за индустријата, така и за граѓаните, но и за Владата. Во однос на пченицата и брашното нашата земја  задоволува 30 % од  потребите.Останатите 70% количини  ние мора да ги увеземе.Традиционално, увезуваме од Србија, Бугарија, Романија, Австрија.

Кои се суштинските разлики меѓу оваа и преходната мерка?

-Со претходната мерка која во случајов се однесуваше и  на лебот беше забранета маржата.На овој начин, тогаш се направи грешка. Се уништи трговијата на мало во малите мини маркети во градовите во внатрешноста.Со оваа мерка делумно се исправи таа грешка бидејќи сега се дозволуваат маржите која за лебот изнесува 5%, а за брашното 10%.

Дали и колкава штета предизвикува оваа мерка на мелничко -пекарската индустрија?

-Ние како општествено одговорна индустрија сакаме да помогнеме во оваа криза.Но, од друга страна, секако дека трпиме штети.Доколку ние немаме доволно слободен простор и уставно право да работиме како што е предвидено и како што треба, нема да можеме да инвестираме,  да ги обновуваме нашите капацитети. Затоа, како што напоменав претходно, не треба само ние како индустрија да даваме  и само ние да ги задоволуваме потребите на граѓаните , туку треба да се вклучи и владата.

Оттука,како неприфатлива ја оценувате ситуацијата во која  како што велите целиот товар е врз ваш грб?

-Товарот паѓа врз грбот на нашата индустрија.Уште од укинувањето на мерката од 31 мај , само нафтата се покачи за 15 денари. Во нашата индустрија најголем удел како енергенс има нафтата.Со неа се пече лебот кој потоа се разнесува со камиони кои исто така  користат нафта. Оттука, уделот на покачувањето на цената на нафтата е многу голем, не само кај нас туку  преку транспортот- во секој производ.

Мерката ќе важи во текот на  целото лето, па оттука и прашањето со кои барања ќе настапите пред Владата?

-За компаниите на  коишто им  го ограничува  профитот,  владата мора да издвои средства и да изнајде начин како да ја држи ситуацијата под контрола за да можеме ние да продолжиме со работата  без да се соочуваме со губитоци, а граѓаните да бидат задоволни, Не може целиот товар ние да го носиме.

Какви се очекувањата во однос на претстојниот принос на жито?

-Имајќи го предвид фактот дека енормо се покачи цената на вештачкото ѓубриво , многу малку земјоделци ги третираа нивите со вештачки ѓубрива, па затоа очекуваме дека приносите ќе бидат многу мали. Истовремено, земјоделците минатата година насеаа помалку пченица по површини, а повеќе посеаа јачмен,

Дали ова ќе значи дека ќе имаме потреба од увоз?

-Доставивме барање до Владата и до сите ресорни министерства да се забрани извоз на  домашното жито до 31.12. Основна причина е фактот дека земјите од регионот (Грција,Албанија, Бугарија)  кои главно увезуваат пченица  од Русија и од Украина, поради новонастанатата ситуација сакаат да го откупат нашето производство. Затоа мора да се донесе забрана, и нашата индустрија  (мелничарско- пекарската,  сточарство, краварство…)  да ги собере сите количини од домашното производство за да постигнеме стабилна цена до Нова Година.

Значи, според Вас, сепак Македонија ќе има потреба од увоз ?

-Да, секако. Во однос на пченицата и брашното нашата земја  задоволува 30 % од  потребите.Останатите 70% количини  ние мора да ги увеземе.Традиционално, увезуваме од Србија, Бугарија, Романија, Австрија.

Ако се соочуваме со вакво лето, што не очекува на есен?

-Ако е нашиот принос мал- како што и се очекува, многу зависи од земјите кои произведуваат големи количини на пченица, бидејќи се може да се случи. Доколку дојде до брз скок на цената, тоа значи дека ќе се рефлектира и на нашата цена бидејќи ние немаме доволно   домашно производство.До смирување на цените на светските берзи  може да дојде само доколку запре војната во Украина. Само во тој случај ќе можеме да се придвижиме по нагорна линија.

К.В.С.

 

Слични содржини