Во второто тримесечје од 2025 година најмногу работници биле барани во услужните дејности и продажбата, објави Државниот завод за статистика.
Стапката на слободни работни места во второто тримесечје од 2025 година изнесува 2.08 %, а најголем број на слободни работни места, 2008, има во петтата група занимања: Работници во услужни дејности и продажба.
Југоисточниот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2.54 %.
Највисока стапка на слободни работни места од 3.77 % има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување, во кој изнесува 0.36 %.
Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 лица имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2.69 %.
Највисока стапка на слободни работни места во второто тримесечје од 2025 година Југоисточен Регион: 2.54 %
Деловни субјекти со 10 до 49 вработени: 2.69 %.