Малку им биле 15.000 евра месечно, па барале помош од државата: Италијанските пратеници аплицирале за 600 евра помош!

од Vladimir Zorba
118 прегледи

Во врска со одлуката на некои италијански пратеници да побараат бонус од 600 евра наменети за вработените со цел да ги ублажат економските последици од пандемијата, медиумите објавија извештаи за приходот на политичарите во Италија, кои изнесуваат и до 15.000 евра месечно, а ги добиваат сенаторите.

Одлуката на петмина италијански пратеници, но и многу градоначалници и регионални функционери да побараат бонус од 600 евра, кој беше одобрен од италијанската влада како дел од мерките за закрепнување од последиците од пандемијата на вирусот „Ковид-19“, беше осудена од јавноста во Италија.

Италијанските сенатори добиваат и до 14.634,89 евра месечно, што вклучува основна плата и разни надоместоци, а пратениците во долниот дом на италијанскиот парламент добиваат до 13.971,35 евра, наведува весникот „Кориере дела Сера“, потенцирајќи дека членовите на парламентот не плаќаат за железнички и воздушен транспорт.

Премиерот на Италија, Џузепе Конте, добива 114.000 евра бруто годишно без паричен додаток, а според последната даночна пријава доставена пред неговиот ангажман во политиката во март 2018 година, благодарение на правната професија, тој пријави многу поголем приход во износ од еден милион и сто илјади евра.

Според италијанскиот весник, платата на регионалниот претседател е ограничена на сума од 13.800 евра месечно бруто.

Одлуката на петмина италијански пратеници да го земат бонусот од 600 евра беше осудена од бројни политички партии, а шефот на италијанската дипломатија Луиџи ди Мајо изјави дека политичарите кои го зеле бонусот „мораат да ги вратат парите и да се извинат“.

Италијанската влада обезбеди бонус од 600 евра за работниците, со цел да ги ублажат последиците од пандемијата и рестриктивните мерки, за кои скоро шест милијарди евра беа издвоени меѓу март и април.

Слични содржини