Малку се пролонгираше периодот околу пристигнувањето на вакцините, вели Филипче

од Nikola Popovski
148 прегледи

„Не би сакал сега да шпекулирам, се пролонгираше малку периодот. Очекувам навистина сите овие разговори да завршат за што пократко време. Секојдневно има нови прашања од компаниите, тоа важи за сите компании, како и од Фајзер за којшто го очекуваме драфт договорот“, изјави денес министерот за здравство, Венко Филипче од Гостивар, при отворањето на модуларниот Ковид-центар во склоп на тамошната болница.

Тој информира дека во Гостивар преку сајтот и преку матичните лекари се пријавени навистина малку граѓани во онаа прва категорија над 70 години околу 1.500, близу 6.000 граѓани.

„Прво апелирам матичните лекари од Гостивар и од регионот  да ги пријавуваат граѓаните своите над 70 години со хронични болести со првата следна приоритетна следна група да се пријавуваат и да ги внесуваат податоците  во системот мој термин зараеди  тие ќе бидат првите веднаш после лекарите и медицинските сестри од Гостивар“, рече Филипче.

Слични содржини