Во дербито на 19. коло во Премиер лигата, двете првопласирани екипи Нотингем Форест и Ливерпул одиграа нерешено 1-1, а тренерот на „црвените“ Арне Слот призна дека не е најзадоволен од исходот.
Нотингем водеше, но на крајот Ливерпул не само што дојде до бод, туку имаше и многу повеќе шанси за да ги земе сите три.
– Малку сум разочаран иако губевме со 1:0. Можеби е претерано да се очекува победа, со оглед на тоа што не им дозволуваа на противниците многу шанси во претходните натпревари. Затоа не можев да барам повеќе од моите играчи. Но, создадовме толку многу шанси и тоа што не постигнавме втор гол е малку разочарувачки – изјави Слот.
Голманот Мец Селс навистина се истакна, но Холанѓанецот нагласува дека целиот тим на Нотингем одлично се бранел.
– Таков беше и на „Енфилд“, но и во текот на целата сезона. Сепак, целата екипа добро и посветено се бранеше. Се бореа со се што имаа и можеби затоа не заслужија да го примат вториот гол, истакна Холанѓанецот.