Малме со засилени безбедносни мерки се подготвува за финалето на Евровизија

од Vladimir Zorba
170 прегледи

Шведскиот град Малме, домаќин на овогодинешниот Евросонг, се подготвува за вечерашното големо финале во кое ќе учествуваат 26 натпреварувачи, со зголемени безбедносни мерки поради протестите поради учеството на Израел на настанот.

Овогодинешниот 68-ми натпревар е проследен со протести на улиците на Малме со барање Израел да биде исклучен од Евровизија поради инвазијата на Појасот Газа, објави Ројтерс.

Според обложувалниците, најголем фаворит е репрезентативецот на Хрватска Бејби Лазања, чие вистинско име е Марко Пуришиќ (28) со песната „Рим Тим Таги Дим“.

Слични содржини