Малолетничка прегазена на крстосница во Скопје

од Nikola Popovski
237 прегледи

Уште еден трагичен настан на скопските улици откако малолетничка била удрена од автомобил.  Вчера околу 18.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул. „Козле“ со ул. „Нерешка“ во Скопје, патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.А.(25) од Скопје, удрило во малолетничка – пешак.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Слични содржини