Малолетнички нападнале и ограбиле врсничка во Аеродром

од Nikola Popovski
67 прегледи

Четири малолетнички натепале и ограбиле врсничка во скопски Аеродром, стои во полицискиот билтен. Случајот го пријавила мајката на девојчето.

-Во СВР Скопје, А.Л.(47) од Скопје пријавил дека на 03.05.2025 околу 21:30 часот на подрачјето на општина Аеродром, неговата 13-годишна ќерка била физички нападната од четири малолетнички кои ги познавала, кои притоа и одзеле пари и лични работи. За настанот бил известен јавен обвинител за малолетници.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Слични содржини