Малолетнички претепале 15-годишно девојче во Аеродром

Тепачка меѓу тинејџерки во скопски Аеродром, бил употребен и тврд предмет

од Nikola Popovski
30 прегледи Фото: Архива

15-годишна девојка физички нападната од три малолетнички кои ги познавала, а една од нив употребила и тврд предмет.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (31.10.2025) во 21:00 часот во СВР Скопје, М.С.(57) од Скопје пријави дека околу 15:00 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, нејзината 15-годишна ќерка била физички нападната од три малолетнички кои ги познавала,  од кои едната употребила тврд предмет.

За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини