254
Малолетничка била нападната во угостителски објект во Охрид, информираат од полицијата.
На 26.05.2024 година во 00.30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во угостителски објект на улицата „Св.Климент Охридски“ во Охрид, две малолетни лица физички нападнале малолетничка со која седеле на иста маса во објектот.
-Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот по што ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од Охридската полиција.