Малолетници од дискотека во бесознание завршиле во болница

од Nikola Popovski
156 прегледи

Доцна синоќа двајца малолетници од Гостивар биле донесени во Ургентниот центар во градот во бесознание откако консумирале алкохол во дискотека. Според пријавеното, во болницата прво било донесено девојчето. Настанот бил пријавен во 00:55 часот.

Неколку часа подоцна, во 04.35 часот во ОВР Гостивар, од истата болница било пријавено дека кај нив во бесознание бил донесен малолетник од Гостивар.

-Денеска (26.01.) во 04.35 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар Гостивар било пријавено дека кај нив во бессознание бил донесен малолетник од Гостивар. Според пријавеното, тој претходно консумирал алкохол во дискотека во Гостивар, велат од Гостиварската болница.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случаите, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Слични содржини