Група малолетници оштетиле возило во Центар откако пред неколку дена фрлиле пиротехнички средства врз него. Според информациите, возилото било во сопственост на фирма од населбата Илинден.
-Се работи на расчистување на настанот, велат од Министерството за внатрешни работи.
Неодамна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски преку објава на социјалните мрежи, повика на итна интервенција од МВР повторен вандализам во населбата Капиштец. Станува збор за чест проблем кој, според жителите на Капиштец, го загрозува јавниот ред и безбедноста во оваа населба. Градоначалникот истакнува дека ваквите инциденти мора да бидат решени и одговорните да се соочат со соодветни мерки.
И претходно, млади лица уништуваа урбана опрема, а потоа обија и возеа багер.