Maлолетник фатен како краде во болница во Куманово

од Берта Китинска
406 прегледи

На 03.04.2022 во 05.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода малолетник од Куманово. Тој бил затекнат во објект на Општата болница Куманово, при обид да изврши кривично дело „тешка кражба“, а претходно веќе извршил кражба во деловен објект на ул.„Трета македонска ударна бригада“, при што одзел пари и различни предмети.

Кај него биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.