235
Малолетник бил фатен како краде од куќа во центарот на Скопје, извести МВР.
Вчера во 16.00 часот на ул.„Васил Ѓоргов“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар лишиле од слобода малолетник од Скопје. Тој бил затекнат при извршување тешка кражба во куќа на оваа улица.
Малолетникот бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.