Малолетник ги расекол татко му и постариот брат

од desk2
70 прегледи

Ноќеска во 2.10 часот, малолетник со нож му нанел расекотина на татко му и на постариот брат во Скопје.


Како што соопшти полицијата, малолетник на возраст од 12 години при семејна расправија, на неговиот татко Д.С. (37) со нож му нанел расекотина во пределот на левата надлактица, а неговиот брат на возраст од 15 години го повредил во пределот на левиот колк.

Двајцата со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентниот Центар-Скопје, каде им биле констатирани телесни повреди, а по укажаната медицинска помош биле пуштени на домашно лекување.

СВР-Скопје презема мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.