Малолетник прегазил двајца пешаци со мотор

од Nikola Popovski

МВР информира дека малолетник со мотор удрил во двајца пешаци во Куманово. Од таму велат дека несреќата се случила вчера попладне на крстосницата од бул. Октомвриска револуција  и ул. Иво Лола Рибар кога мотоцикл „педа“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Куманово, удрил во пешакот Ж.С.(46) и уште еден малолетен пешак, двајцата од Куманово.

-Во незгодата Ж.С. се здобила со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово, додаваат од ресорното министерство.

Слични содржини