77
Вчера во 14.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со убодни рани бил донесен малолетник од с.Кучевиште, скопско.
Според пријавеното, кај Транспортен центар во Скопје тој бил физички нападнат од група малолетници, при што еден од нив со остар предмет му нанел убодни рани.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.