185
На 15.10.2022 во 15.15 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на ул.„Седе Костовски“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(42) од Скопје и мотоцикл со гостиварски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Гостивар, информира МВР.
Во несреќата малолетникот се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во болницата во Гостивар.
Увид извршила екипа од Полициската станица Гостивар.