Двајца малолетници од Скопје добиле кривични пријави поради сомнение за сторени пет кривични дела разбојништво, соопштија од полицијата.
Според МВР, пријавените во периодот од 7. април до 27. мај годинава со закана извршиле пет кривични дела разбојништво во спортски обложувалници на подрачјето на Скопје.
Со тоа, малолетниците се стекнале противправна имотна корист од 329.097 денари, односно над 5.300 евра.