127
Малолетно девојче во Скопје се здобило со тешки телесни повреди кога во неа удрило возило управувано од 20-годишен возач.
Девојчето е пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде и е укажана лекрска помош.
Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен информира дека незгодата се случила вчера попладне во 14:35 часот на крстосницата од булеварот „Јане Сандански“ и улицата „23 Октомври“ во Скопје. Патничкото возило марка „пежо 407“ било управувано од О.С. од Скопје.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.