Малото е убаво: удобност во 15 км2

од Vladimir Zorba
57 прегледи

Гордите сопственици на мали станови ги покажуваат своите гламурозни станбени микропространства во Instagram.

Предметните “станови” се со површина колку една соба – околу 14-15 квадратни метри, но пак се уредени исклучително добро.

Повеќето од овие студија се опремени супер функционално и модерно, а секој еден сантиметар е користен за намена и природно во ентериерот е полно со различни итри начини за чување на предметите.

Живеалиштата се достојни да бидат дел од ентериерските списанија. Повеќето од нив се решени во црно и бело или во неутрални теми, а некои од нив имаат интересни шарени акценти како дополнување – шарен килим, примамливи декоративни перници, графички слики, забавни додатоци, затворени растенија и т.н.

Видете ги сликите на микростудијата во галеријата.