„Мамо, зошто не можам да пијам нормална вода?“: Ситуацијата во Газа е катастрофална

од Stefanija Kuzmanovska
177 прегледи

Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) денеска предупреди дека децата во Газа се соочуваат со катастрофална ситуација, бидејќи нивните родители немаат друг избор освен да им даваат солена вода.

Портпаролот на УНИЦЕФ Тоби Фрикер изјави за Би-Би-Си дека недостигот на вода постоел и пред конфликтот и дека сега сè е подигнато на „друго ниво“.

„Еден од нашите членови, има четиригодишно и седумгодишно девојче, и само се обидува да ги заштити, да го издржат денот. Ни кажа како пијат само солена вода, а нејзината ќерка ја прашува: Мамо, зошто не можам да пијам нормална вода како порано“, изјавил Фрикер.

На прашањето за хуманитарната помош која сега може да влезе во Појасот Газа, Фрикер рече дека е точно дека помошта пристигнала, но дека тоа е „исклучително мала количина“.

„Кога ќе ги видите огромните потреби на теренот што ги имаме, мора да имаме многу, многу повеќе (помош)“, посочи тој.

Фрикер повика на „итен хуманитарен прекин на огнот“ и зголемена помош за Појасот Газа на „трајна основа“.

„Она што го гледаме сега, секој ден, е дека децата се убиени, ранети, осакатени. Наш приоритет е да ги заштитиме животите на децата и да ги одржуваме децата во живот“, нагласи портпаролот на УНИЦЕФ.

Слични содржини