Манасиевски: Дали е вистина дека постои случај „Рекет 2“ во кој се опфатени Катица Јанева, Боки 13 и тројца активни обвинители кои се обиделе да рекетираат познат бизнисмен?

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека во јавноста излезе нов скандал, за кој ОЈО води предистражна постапка и процесот тука е застанат

од Nikola Popovski
22 прегледи

Дали е вистина дека постои случај Рекет 2 и дали Јавното обвинителство го крие во фиока, затоа што штитат функционери на СДС и на ДУИ, праша во својата изјава Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Според него, судството со 2% доверба и натаму тоне, а кормилото на ЈО се уште ги штити, како што вели, криминалците кои го изгласаа – СДСМ и ДУИ.

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека во јавноста излезе нов скандал, за кој ОЈО води предистражна постапка и процесот тука е застанат.

-Во случајот опфатени се поранешната СЈО Катица Јанева, Бојан Јовановски, како и други тројца активни обвинители, кои се обиделе да рекетираат познат бизнисмен. Почитувани, јавноста заслужува да знае, зошто овој случај се крие од неа? Дали затоа што штитат и кријат некој од СДС и ДУИ, и со тоа им оставаат простор истите да ја дефокусираат јавноста?

Зошто изминатава година, не е поведена ниту една постапка за поранешни функционери од СДС и ДУИ? Дали Коцевски сеуште ги штити неговите наредбодавци, прашува Манасиевски.

Од партијата од „Белата палата“ бараат ЈО и обвинителот Љупчо Коцевски да си ја фатат работата, бидејќи, како што вели, таму се за да донесат правда, а не да кријат пријави по фиоки и да штитат лица блиски на СДСМ и до ДУИ.