Манасиевски: Дали на Битиќи му биле украдени највисоки државни тајни?

од Nikola Popovski
71 прегледи

Членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски го праша пратеникот Фатмир Битиќи да каже кои класифицирани информации му биле украдени од неговиот дом и како се нашле во негов посед. Манасиевски се сомнева дека станува збор за највисоки државни тајни.

-Државните функционери немаат право да ги изнесуваат државните тајни и класифицирани документи од институциите во кои тие се наоѓаат и каде се заштитени. СДСМ да каже дали изнесувањето на клааифицирани информации од институциите со кои управувале е партиска пракса и насока? И СДСМ и Фатмир Битиќи веднаш да ги известат органите за каков вид на документи станува збор. А граѓаните дали со кражбата на тие документи е загрозена Македонија, кажа членот на најголемата владеачка партија и побара ЈО да поведе постапка против екс-министерот.

Битиќи бил ограбен за време на велигденските празници и притоа крадците го украле сефот во кој имало пари и накит. Се сомнева во политичка позадина.

„Во сефот имаше пари и накит кој имаше сентиментално семејно значење за нас. По упадот, по околу 6 минути дошла и агенцијата за обезбедување со кој е поврзан нашиот систем за аларм“, изјави пратеникот. Дел од медиумите објавија дека биле одземени предмети во вредност од околу 50 илјади евра.

МВР информираше за кражбата.

„На 21.04.2025 во 11.40 часот во СВР Скопје, Ф.Б.(49) од Скопје пријавил дека во периодот од 07.30 часот на 18.04.2025 до 03.00 часот на 21.04.2025, со употреба на сила и погоден алат било влезено во неговиот дом на подрачјето на Бутел во Скопје и биле одземени пари и други предмети“, стоеше во полицискиот билтен.

Слични содржини