На претстојните локални избори на 2 ноември, скопјани ќе изберат пред сè човек, а потоа и градоначалник, кој знае да работи за граѓаните. Кандидатот за градоначалник Орце Ѓорѓиевски, е вистинскиот избор за чисто и модерно Скопје, изјави денеска членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.
Тој додаде дека со Орце Ѓорѓиевски и мнозинството во Советот ќе ги постават темелите на промените што му се потребни на главниот град.
Како што посочи, поддршката од над 91.000 граѓани во првиот изборен круг е голема чест и уште поголема обврска.
-Довербата од граѓаните е резултат на реални резултати кои Ѓорѓиевски ги покажа на локално ниво во Кисела Вода, како и на државно ниво, каде што Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 16 месеци значително помогна во развојот на општините. Мнозинството во Советот на Град Скопје ќе овозможи стабилност, координација и побрзо реализирање на ветените проекти – нови мостови, почист воздух, повеќе зелени површини и поефикасен јавен превоз, рече Манасиевски.
Според Манасиевски, СДСМ како „петта партија во Скопје со околу 26.000 гласови“ доживеала сериозен пад и покажала дека нема доверба кај граѓаните.